
Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска ќе одржи предавање на Универзитетот „Федерико Втори“ во Неапол.
Предавањето ќе биде на тема „Од Taurisius до Constantinopolis – од Corpus luvris Civilis до меѓународно право“.
Во тек на посетата на Универзитот ќе биде потпишан меморандум за разбирање помеѓу Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и Универзитетот „Федерико Втори“ во Неапол.
Универзитетот од Неапол Федерико II, кој е основан во 1224 година е светски позната високо-образовна институција. Од надалеку познатите историски личности кои биле студенти како Св. Тома Аквински и Џордано Бруно, се до неколку италијански претседатели, меѓу кои и утрешниот соговорник на македонскиот претседател, италијанскиот претседател Џорџо Наполитано. На овој Универзитет пред 45 години се отвора и првиот лекторат по македонски јазик во светот.