Рударите од Сома биле опремени со „маски на смртта“

Рударите во турскиот рудник за јаглен во градот Сома, кадешто во несреќа на 13 мај загинаа 301 лице, биле опремени со застарени маски за кислород произведени во Кина, објавија денес турските медиуми, прене МИА.

Рударите велат дека немале никаква помош од маските, кои имале кислород за 120 минути.

Маските употребувани во рудникот во Сома во Кина, чинат по  долари за парче, а при набавка на  поголеми количини може да се најдат и за цена од по  17 долари. За споредба цената на вкава маскат произведена во САД или Европа, во просек изнесува 345 долари.

Весникот „Радикал“ наведува дека „маските на смртта“ што ги користеле рударите од Сома биле произведени пред 21 година и нивниот рок на употреба бил одамна изминат.