
Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), на денешниот прв јавен состанок, информираше дека со воспоставувањето на транспарентната регулатива ќе се придонесе за исплатливи инвестиции и конкурентност во изградба на електронските комуникациски мрежи.
Роберт Орданоски, директорот на АЕК, истакна дека целта е да се достигне европската дигитална агенда со која се предвидува до 2020 година, сите претплатници да имаат пристап до интернет со брзина од 30 мегабити во секунда, како и 50 отсто од нив да имаат интернет пристап од 100 мегабити во секунда.
„Со новата регулаторна рамка, операторите ќе имаат можност да ги подобрат преформансите и да работат на изградба на нови мрежи“, рече Орданоски.
Според сегашните информации на АЕК, само 3,5 отсто од корисниците на интернет засега имаат интернет пристап со брзина од повеќе од 30 мегабити во секунда.