
Околу 10 килограми марихуана се запленети во најновата акција на полиција, која е продолжение на „Мрежа“, објави република.мк.
Според првичните информации дрогата е запленета кај две лица од скопско Глумово, а лицата биле фатени при транспорт.
Од Министерството за внатрешни работи ја потврдуваат акцијата, но повеќе детали најавуваат за подоцна.