
Во семејната трагедија која денеска попладне се случила во Љубљана, таткото заедно со својата ќерка на возраст од околу 4 години паднал од седмиот кат.
Според последните информации мажот и покрај реанимацијата мажот им подлегнал на повредите, додека девојчето се наоѓа во критична состојба. За трагедијата се уште не се познати детали. Едни соседите и очевидци велат дека таткото сакал да го спаси девојчето, но паднале заедно, други пак дека човекот намерно скокнал со девојчето во раце од прозорецот.
Полицијата го истражува случајот.