
Чуда се случуваат! Господинот Ли ја фати најбитната „топка“ во својот живот, кога буквално во последен миг спаси бебе од канџите на смртта.
Тој го кренал погледот и сконцентрирано гледал нагоре, а момент подоцна кон дното паѓало детенцето. Со брза реакција, додека капките дожд му капеле в лице, овој храбар Кинез го сторил невозможното – го спасил бебето од сигурна смрт.
-Единствено стравував дека нема да го фатам бебето на време. Реагирав инстиктивно, рекол херојот кој подоцна детенцето го препуштил во прегратката на пресреќната мајка.