
Ларсон не сака да биде тренер на СелтикЛегендарниот репрезентативец на Шведска и миленик на најверните фанови на шкотскиот гигант Селтик, Хенрик Ларсон експресно ја демантираше пласираната информација дека сака да биде именуван за нов менаџер на “зелено-белите” од Глазгов.
„Тоа се само гласини. Нема да станам тренер на Селтик, барем не во блиска иднина. Се разбира, пријатно ми е што моето име го поврзуваат со менаџерската позиција во клубот, тоа е затоа што најдобрите днеови од кариерата ги минав таму, но во моментов јас сум тренер на Фалкенберг и целосно сум посветен на мојата работа во овој клуб. Можеби во некои други времиња и Селтик ќе дојде на ред“, изјави Ларсон кој како играч мина фантастични седум години во дресот на Селтик, одигра 221 натпревари и постигна 174 голови.