
Премиерот Никола Груевски, заедно со сопругата Боркица и ќеркичките Анастасија и Софија викендов претстојуваа во мавровско-галичкиот регион.
Премиерот Груевски заедно со сопругата и ќеркичките вчера го посетија Бигорскиот манастир, каде најтопло и најгостољубиво пречекани од архимандритот Партениј и целото Бигорско братство.
Семејството Груевски во нивната неколкучасовна приватна посета имаа можност да ги посетат двата манастири, добро да се запознаат со напредокот на обновата и доизградбата, како и со дел од монашкото секојдневие.
Во текот на вчерашниот ден, семејството Груевски го посети и селото Рајчица кое се наоѓа на самиот влез на градот Дебар и каде што е сместен и манастирот „Св. Ѓорѓи Победоносец“ – Рајчица- еден од најубавите манастири во Македонија.
Денеска, премиерот заедно со семејството го посети и Галичник.