Кардиохирургија до септември во нови простории

Државната кардиохирургија, најдоцна до почетокот на септември ќе почне со работа во новите простории во рамки на Клиниката за кардиологија.
Министерот за здравство Никола Тодоров кој денеска го посети објектот, истакна дека проектот е направен по сите светски стандарди, а реконструкцијата на целиот простор е во вредност од 650 илјади евра.

„Ќе има две операциони сали во кои ќе бидат изведувани кардиохируршки интервенции, интензивна нега со шест кревети, како и соби каде што потоа ќе бидат сместувани пациентите по излегувањето од интензивната нега. Инаку, онака како што е овој центар поставен ќе може да се прават меѓу 150-200 интервенции годишно, во овие простории. За таа цел ние набавуваме и дополнителна медицинска и немедицинска опрема. Тендерите се завршени и за овој сегмент и се во вредност од околу 84 милиони денари, што значи целата инвестиција е околу 2 милиони евра“, истакна Тодоров.

500to6

Со ова се заокружува целиот инфраструктурен аспект од проектот за Државна кардиохирургија.

500to5