Апел: Во случај на невреме не седете на отворено и не возете ги автомобилите

Центарот за управување со кризи попладнево апелираше до граѓаните во случај на невреме, како што најавуваат метеоролозите, да не бидат на отворено и да не го возат автомобилите ако не е неопходно.

„Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните, без особена поголема причина да не се изложуваат на опасности со престој на отворен простор, поради можни атмосверски електрични празнења. Исто така, без посебна причина да не управуваат со моторните возила особено ако е забележливо можно невреме и пороен дожд, заради нивната сопствена безбедност. Им препорачуваме на населението во случај на ИТНА потреба да ги користи телефонските броеви за итни повици 192-ПОЛИЦИЈА, 193-Бригада за ПП заштита, 194- за потреба од ИТНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ и 195 – телефон за сите можни ризици и опасности во ЦЕНТАРОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ. Покрај тоа, населението од Градот Скопје да ги користат трите новопоставени телефонски броеви за пријавување на одредени настанати опасности или дефекти во нивната средина“, се вели во апелот од ЦУК.

Управата за хидрометеоролошки работи за попладнево најавуваат дека Македонија ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса што ќе биде причина за проен дожд и грмежи, засилен ветер и појава на град.