
Младиот Давор Петровски го освои второто место на Меѓународниот митинг Куп на Љубљана во Словенија, на кој настапија вкупно 786 пливачи од Србија, Хрватска, Словенија, Италија, Турција, Бугарија, Романија и Македонија.
Давор се натпреваруваше во категорија Д (пливачи родени 2000 година) и успеа да го освои второто место на 100 метри делфин, постигнувајќи време од 1:06.08 минути.
Андреј Ивановски, во категорија Ц (пливачи родени 1998 година) се пласира во финалето во својата конкуренција во дисциплината 50 метри градно, остварувајќи резултат од 34,28 секунди.