
Силно невреме ги зафати денеска Делчево и околината. Поради невремето беше прекинато расадувањето на тутунот и на садењето на компирот, гравот, пченката и другите градинарски култури.
Поројниот дожд и градот предизвикале штети на градинарските култур, овошните салати, овошните насади, како и на ливадите и пасиштата.
Забележано е зголемување на ивото на водостоите на реките Брегалница, Желевица и нивните притоки, но до сега нема излевање од нивните корита.
Сообраќајот се одвива во отежнати услови поради појава на одрони од карпи и свлечишта на патот Кочани – Берово, на делниците помеѓу Македонска Каменица и Делчево и помеѓу Делчево и Пехчево..