
Репрезентацијата на Русија е новиот светски првак во хокеј на мраз, откако во финалето наСветското првенство во Белорусија славеа над Финска со убедливи 5:2. Русите беа многу мотивирани на Мундијалот, бидејќи претходно го разочараа на ЗОИ во Сочи, но овојпат се прикажаа во далеку подобро светло.
„Зборнаја“ покажа карактер и во големото финале, па откако кон средината на втората третина се најде во негатива од 1:2, руските хокеари набрзина направија пресврт, го завршија периодот со 3:2 со погодоците на Овечкин и Малкин, пред Зарилов и Тихонов во третата третина да ја осигураат победата и новиот златен медал.