
Против дваесет и седумгодишниот струмичанец З.П. е поднесена кривична пријава бидејќи неовластено произведувал и продавал наркотици.
При претрес во неговиот дом се пронајдени 53,3 грама марихуана, 15 таблети бупренорфин, дигитална вага и 10.000 денари.
Исто така на 14.01.2014 година, на ул. „Крушевска Република“ извршен е преглед на корисник на дрога кај кого е пронајдено 1,4 грама марихуана, а по извршен преглед на отворен простор каде е затекнат корисникот се пронајдени уште 8,5 грама марихуана кој за цена од 1.200 денари биле купени од З.П.