
Пензиониран поранешен уредник во Македонското радио е прогласен за соработник на тајните служби, изјави претседателот на Комисијата за верификација на факти Томе Аџиев.
Лустрираниот уредник, според Комисијата, од идеолошко-политички причини ги кодошел неговите колеги новинари.
Аџиев појасни дека за три дена на веб-страницата на Лустрациската комисија ќе биде објавено решението дека уредникот е прогласен за соработник.
извор: МИА