
Ново извлекување од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“ вечерва во 20 часот со директен пренос на Македонската радио телевизија.
Во шестото коло од наградната игра ќе се извлекуваат 150 вредносни ваучери и главна награда автомобил „фолксваген поло“.
Неизвлечените коверти, како и пликоата од досегашните извлекувања ќе учествуваат во седмото коло на 30 јуни, кога покрај редовните награди, ќе се додели и стан и деловен простор.
Досега од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“,доделени се еден стан, еден деловен простор и пет автомобили. Покрај главните награди, беа доделени и 750 вредносни ваучери од 1.000 до 60.000 денари.