
Со 54,44 отсто од гласовите при обработени 93,91 отсто од гласачките ливчиња Петро Порошенко е победник на претседателските избори во Украина.
За Јулија Тимошенко гласале 12,89 проценти од избирачите, а за Олег Лјашко – 8,38 отсто.
Резултатот на Порошенко на изборите што се одржаа во недела е доволно висок, за да може тој да биде избран уште во првиот круг.