
Пожар ја оштети пештерата крај Витлеем, во која според христијанската традиција, е роден Исус Христос.
До пожарот дошло кога кандило паднало на подот и биле предизвикани незначителни штети. Огнот самиот се изгаснал, изјави градоначалникот Абдел Фатах Хамајел.
Инцидентот се случил неколку часа пред заминувањето на папата Франциско од Светата земја. За време на своето тридневно поклонение папата се молеше во пештерата, едно од најсветите места за христијанството.
Непосредно пред папата да го напушти Ерусалим, една од главните католички цркви во градот беше запалена. За инцидентот е поведена истрага.