
Вечерва, а најдоцна до утре наутро, д-р Дејан Ставриќ треба да излезе од притвор, бидејќи Јавното обвинителство во рок од 24 часа од носењето на пресудата не поднело жалба.
Од Основниот суд Скопје 1 потврдуваат дека офтамологот, правосилноста на пресудата ќе ја чека на слобода.
Во понеделникот, по шестчасовно судско рочиште д-р Ставриќ беше осуден на една година затвор за обвинението дека земал мито и посредувал за инвалидска пензија.
Офтамологот Ставриќ во притвор помина 20 дена.