
Најпознатиот фудбалски портал на денешницата, “Гол”, го состави идеалниот тим со фудбалери кои за жал нема да настапат на престојниот Мундијал во Бразил.
Голманската позиција е резервирана за репрезентативецот на Чешка, Петр Чех, а дефанзивната линија е составена од Бранислав Ивановиќ (Србија), Шејмус Колман (Ирска), Даниел Агер (Данска) и Давид Алаба (Австрија).
Во средниот ред би играле Арда Туран (Турција), Виктор Ваниама (Кенија), Марек Хамшик (Словачка) и најскапо купениот фудбалер на денешницата, Герет Бејл (Велс).
Загарантирано место во нападот има Златан Ибрахимовиќ (Шведска) и Роберт Левандовски (Полска).