Ќе поднесат ли и Заев и Жерновски оставки од своите функции?

Лидерите на опозициските партии, СДСМ и ЛДП, Зоран Заев и Андреј Жерновски донесоа одлука да не ги признаваат резултатите од предвремените парламентарни избори ценејќи ги изборите како нефер и недемократски и дека актуелната власт не дозволува граѓаните слободно да ја изразат својата волја на избори. По оваа одлуката кандидатите кои добија мандати по изборите на 27-ми април денеска си поднесоа оставка.

Но, од друга страна, Заев и Жерновски само една година претходно по локалните избори, кои ги органзираше и спроведе истата Влада како и годинава, тие станаа градоначалници во Струмица и скопски Центар. Интересно е како, Заев и Жерновски прават разлика меѓу изборите лани и овие годинава кои и двата изборни циклуси се одржаа во речиси идентични услови и од сите релевнатни институции беа оценети како фер и демократски.

Токму поради ова се поставува прашањето, дали Заев и Жерновски откако ги убедија пратениците да си поднесат оставки, ќе дадат пример и тие ќе си поднесат оставки од градоначалничките функции.

Ваквите двојни аршини според познавачите е сериозен удар врз принципите кои се промовираат од демократски политчки субјекти. Лидерот на најголемата опозициска партија, неодамна самиот изјави дека не ја ужива довербата на мнозинството граѓани и оценува дека само ако доколку сам ги органзиирал изборите, би изгубил со помала разлика.

„Четиристотини илјади на 420-430 за Груевски и владејачката партија. Тоа е вистинскиот резултат, тоа го кажувам многу често, не победа, заради тоа што имаме свои слабости“, рече Заев одговарајќи на прашање „Да беше се фер и коректно на изборите, кој резултат ќе го изборевте?“

Воедно, Заев и Жерновски седат на градоначалничка фотелја после минатогодишните избори, при иста Влада на централно ниво. Но, сепак двајцата јасно изјавуваат дека немаат намера да си поднесат оставки од функциите.

Лидерот на социјалдемократите и самата партија очигледно се свесни за тешкиот удар кој и го нанесуваат на Македонија и нејзините позиции на меѓународен план, Бојкотот дава повод за повлекување на препораката за почеток на преговори со ЕУ и воедно им завршуваат работа на оние кои не и мислат добро на земјава и веќе години наназад бараат алиби и аргументи за блокада на земјава, барања кои нашиот јужен сосед ги добива со одлуката на опозицијата.