Маж загина во силното невреме кое ја зафати Романија

Возрасен маж почина во силното невреме кое ја зафати Романија.

Поројните дождови предизвикаа голема материјална штета и земаа една жртва во селото Магура. Водите вчера однеле 73-годишен пензионер додека ги хранел животните во дворот на својата куќа.

Националната метеоролошка агенција денеска објави предупредување со жолт ког за дожд и град во окрузите Арад и Бихор во Западна Романија и Неамт, Васлуј и Јаши во североисточниот дел на земјата.