
Рускиот претседател, Владимир Путин, потпиша декрет за доделување на Ордени за храброст на рускиот новинар од ТВ станицата „Раша тудеј“ кој беше ранет во Украина, како и на двајцата новинари од „ЛајфЊуз“ кои беа заробени.
Нагарадата ќе ја добијат Фјодор Завалејков, кој беше ранет на 9 мај во Маријупољ, како и Олег Сидјакин и Марат Саиченко кои беа заробени на 18 мај во Краматорск.
Тројцата новинари во моментов се во Русија.
Завалејко откога е ранет, па се досега е двапати опериран.
Сидјакин и Саиченко, пак, беа уапсени од украинските власти по сомневање дека им помагале на проруските сепаратисти во Источна Украина. Тие се ослободени на 25 мај и депортирани во Чеченија.