
Американскиот компјутерски гигант „Епл“ ја купи за три милијарди долари калифорниската компанија „Битс електроникс“.
„Битс електроникс“, меѓу другите свои производи е позната по стерео слушалките на раперот Др. Дре.
Информацијата за претстојниот договор во медиумите се појави пред неколку недели. Ова е најголемо преземање во 38-годишната историја на „Епл“.
Коосновачот на „Битс електроникс“ Џими Ајовин и раперот Др. Дре ќе ги предводат клучните музички сектори на „Епл“.