Фабрегас: Шпанија не се плаши од Бразил

Репрезентативецот на Шпанија и стандарден првотимец во дресот на каталонскиот гигант Барселона, Сеск Фабрегас како смешна ја дефинираше пласираната информација дека актуелниот светски и европски шампион се плаиш од домашинот на престојниот Мундијал, репрезентацијата на Бразил.

“Во 2008 година, ретки беа тие кои веруваа во репрезентацијата на Шпанија, ретки беа тие кои веруваа дека Шпанија ќе биде крунисана за нов европски шампион. После ЕП во Австрија и Швајцарија, Шпанија изгради репутација на фудбалска сила, која славеше на следниот Мундијал и на ЕП во Украина и Полска. Не знам од каде таа информација дека Шпанија се плаши од Бразил. Шпанија не се плаши од БразиЛ. Домаќинот има многу силен тим. Точно дека загубивме во финалниот натпревар од Купот на Конфедерации, но ако има нов дуел помеѓу овие две селекции, сигурно ќе бидете сведоци на сосема поинакво сценарио”, изјави одличниот играч за врска.