
Непознато лице во април ја ограбило црквата „Св.Стефан“, која се наоѓа на улицата Васко Караанѓелевски во општина Аеродром, а кражбата била пријавена на 28-ми мај, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Оттаму додаваат дека лицето со помош на соодветен алат ја разбил вратата на црквата и украл 3.400 денари.
Од МВР информираат дека во моментов се работи на расчистување на случајот.