
Претседателот на Словенија, Борут Пахор денеска доаѓа во дводневна посета на Србија на повик на претседателот на Србија, Томислав Николиќ.
На претседателот на Словенија со која доаѓа и економска делегација најпрво ќе му биде приреден свечен дочек пред Палатата Србија по што ќе има разговор со претседателот Николиќ. Потоа разговори ќе имаат државните делегации на Србија и Словенија, а потоа двајцата претседатели ќе потпишат политички декларации.
Пахор утре ќе се состане и со премиерот на Србија, Александар Вучиќ соопштија од Владата на Србија.
Најавено е дека словенечкиот претседател ќе положи венец на Споменикот на непознатиот борец на Авала.
Пахор во работна посета на Србија беше во мај, минатата година а Николиќ ја посети Словенија во јуни минатата година.