
Македонското друштво„ Илинден – Тирана“ и огранокот во Голо Брдо е првото друштво од малцинствата кое стана дел од „The Albanian Crowd“, платформа на сите организации која обезбедува информации за секторот на граѓанските, малцинските организации и општествените претпријатија во Албанија.
Заедничката цел е унапредување и соработка помеѓу организациите на граѓанското општество
Овој проект се спроведува преку „Партнери Албанија“ и Центарот за менаџирање со конфликти помогнато од Амбасадата на САД во Тирана. Платформата ќе објавува информации за секторот на граѓанското општество, проекти, и други активности на организациите.