
Минатогодишниот финалист во НБА лига, Сан Антонио Спарс е на една победа до натпреварот за шампионскиот прстен во ова натпреварување, откако во петтиот натпревар на домашен терен ја совлада Оклахома Сити со 117:89 и поведе со 3:2 во победи во финалето на Западната конференција.
По изедначената прва четвртина Сан Антонио, беше убедлив во останатите три и заслужено стигна до победата . Шест играчи на “мамузите” постигнаа двоцифрен број на поени , а најефикасни беа Тим Данкан и Ману Џинобили запишаа 22 односно 19 поени.
Во таборот на Оклахома , очекувано најмногу се истакна Кевин Дурант со 25 поени.
Следниот натпревар се игра утре на теренот на Оклахома Сити, сосека вечерва на програмата е шестиот натпревар меѓу Мајами и Индијана ( 3:2 за Мајами).