
Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Јоаким Лев најпосле собра храброст за да јавно изјави дека неговиот тим има амбиција да слави на престојниот Мундијал во Бразил.
„Германија секогаш е во групата на најголеми фаворити за светската титула. Тука нема ништо сензационално, мислам дека никој не е изненаден од информацијата дека Германија е фаворит за светската круна. Мислам дека сме доволно квалитетни за славиме во Бразил, го имаме тоа што е потребно. Доволно сме силни, доволно сме искусни, совршена комбинација на младост и искуство. На секоја позиција играат најдобрите фудбалери кои ги имам на располагање. Германија не е единствениот фаворит. Од Европа тука е Португалија, Италија, Холандија и Шпанија. Бразил е домаќин, а Аргентина го има Лионел Меси. Уругвај беше дел од полуфиналната рунда на претходниот Мундија. Нема еден фаворит, во игра се повеќе репрезентации”, изјави Лев.