Повеќе вработени во индустријата

Бројот на работници во индустријата е зголемен за 7,1 процент во април годинава, во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најголем пораст е регистриран во главната индустриска група – капитални производи, каде што бројот на работници за една година се зголемил за 92,2 отсто. Пораст има и во групите за трајни производи за широка потрошувачка (за 6,1 отсто),  нетрајните производи за широка потрошувачка (за 3,1 отсто) и интермедијарните производи освен енергија (за 1,5 отсто). Намален е бројот на вработени во индустриската група енергија (за 4 отсто).

manufacturing

Во секторот Преработувачка индустрија бројот на вработени бележи пораст од 8.5 отсто, особено во делот производство на моторни возила, приколки и полуприколки – за дури 216.1 осто, како и во текстилната индустрија – за 42 отсто.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во април 2014 година, во однос на април 2013 година, бележи опаѓање од 1.9 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0.8 отсто.