
Репрезентативниот колега на Франк Рибери, Оливие Жиру, откри дека најголемата ѕвезда во националниот тим на Франција е максимално згрижен и на моменти бесен поради болката која ја чуствува во грбот и која најверјатно ќе се покаже како пресудна кога е во прашање неговиот настап на престојниот Мундијал во Бразил.
„Можам да кажам дека Рибери е многу лут, на моменти и бесен. Многу е загрижен поради болката во грбот, загрижен е поради моменталната ситуација. Мора да му помогнеме, мора да го смириме, да бидеме покрај него. Јас сум максимално нервозен и кога сум повреден само три дена. Можам само да замислам како му е на Рибери. Се уште не знае дали ќе настапи на престојниот Мундијал во Бразил”, изјави Жиру.