
Непознато лице од засега непознати причини ги прободел во пределот на стомакот лицата А.И(37) и Ј.И(38), двајцата од Битола. Нападот се случил вчера околу 21.45 часот на улица Солунска во Битола.
Повредените се пренесени во Клиничката болница во Битола каде им се утврдени тешки телесни повреди и истите се задржани на понатамошно лекување.
Од МВР јавуваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.