
Во околината на Славјанск и Краматорск, на истокот на Украина, дојдено е до нови конфликти меѓу украинските сили и проруските бунтовници.
Арсен Аваков, министерот за внатрешни работи на Украина, на социјалната мрежа Фејсбук споделил информација дека е во тек интензивна размена на оган во близина на Славјанск.
Аваков навел и дека украинско оклопно возило било погодено од граната која била фрлена од проруските бунтовници. Засега нема податок дали има жртви.