
Андрес Фог Расмунсен, Генералниот секретар на НАТО изјави дека неодговорните и нелегалните акции на Русија во Украина се сериозен предизвик за Европа, за нејзиниот мир и слобода.
„Однесувањето на Москва покажува дека е подготвена да потреби сила за да ги промени границите и да ги дестабилизира суверените држави заради сопствени геополитички цели“, вели Расмунсен.
Тој предупреди дека руските акции и се закануваат на стабилноста на целото евроатланско подрачје.