Во источниот дел на Украина загинале 181 лице, а 293 лица се повредени. Педесет и девет од нив се припадници на украинската војска.
Весникот „Раша тудеј“ пишува дека останува нејасно дали во најновиот број на жртвите се вклучени и оние од проруските сили.
Од почетокот на операциите во областите Луганск и Доњецк над 220 луѓе се киднапирани, меѓу кои и 12 странски државјани.
– Моментно под истрага се наоѓаат 675 криминални компании, поврзани со терористичките напади, како и загрозување на територијалниот интегритет на Украина, додаде Јавниот обвинител.