
Денеска се навршуваат 25 години од крвавите студентски протести на плоштадот Тјенанмен во Кина.
Демонстрантите велат дека властитего забрануваат споменот на овие протести.
„Споменот на 4-ти јуни е забранет. Никој не смее да разговара за тоа“, рекол демонстрант.
Образложението на официјален Пекинг е дека студентите правеле контрареволуција.
Мирните протести од четириесет дена преминале во жестоки судири, Владата наредила задушување на продемократското движење, се пукало во цивили, а точниот број на загинати не се знае ниту по 25 години.