
Бразилскиот интернационалец од редовите на новиот европски клупски шампион, тимот на Реал (М), Марсело, најверојатно во новата клупска сезона ќе го носи дресот на вицешампионот на Англија, екипата на Ливерпул.
Офанзивниот бек не може да се пофали дека во изминатата сезона имал голема минутажа на „Сантијаго Бернабеу”, но може да се „пофали” дека првенствените натпревари и тие од Лигата на шампиони, најчесто ги започнувал од клупата за резервни фудбалери.
Репрезентативецот на Бразил имаше далеку поголема минутажа кога во тренерското столче седеше контроверзниот португалски стручњак, Жозе Мурињо.
Најавениот трансфер ќе биде реализиран само доколку челниците на Ливерпул го исплатат побараното обештетување од 14 милиони фунти.