
Американскиoт хемичар, Александар Саша Шулгин, познат како „таткото на екстазито“, починал вчера на 88-годишна возраст во својот дом во Калифорнија, по тешко боледување од рак на црниот дроб, јавува „Франс Прес“, пренесува Нетпрес.
„Тој почина во опкружување на своето семејство и на лекарите, кои се грижеа за неговото здравје“, објавила на својот Фејсбук профилот неговата сопруга Ен.
По дипломирањето хемија на калифорнискиот универзитет Беркли, тој пројавил голем интерес за психотропните супстанци во текот на 60-те години од минатиот век. Дел од своите пронајдоци – антидепресанти, афродизијаци, стиумиланти… тој ги тестирал на себе и на свои пријатели.
Во текот на 70-те години, пак, интензивно работел на амфиметаминот MDMA, кој подоцна е наречен екстази.
Тој стимулант на нервниот систем, бил синтетизиран кон крајот на XX век, а потоа бил патентиран од фармацевтската компанија „Мерк“. Но, подоцна едноставно бил „заборавен“.
Шулгин, заедно со психологот Лио Зеф, создал нов метод за негово синтетизирање. Зеф, пак, го препорачал стимулантот на свои колеги, за да го користат при лечење на пациенти.
Подоцна овој наркотик се распространува во дискотеки и станал многу популарен меѓу следбениците на рејв културата.