Шестмина загинати и тројца ранети во Луганск

Шест припадници на проруските сили се убиени, а тројца украински војници се ранети во украинскиот град Луганск. Силите на украинската војска напуштиле еден контролен пункт откако останале без муниција по десетчасовна борба.

Борбите на истокот на Украина ескалираа по претседателските избори што се оддржаа на 25 мај, на кои победи магнатот Петро Порошенко.

Повеќе стотици сепаратисти во понеделникот почнаа офанзива врз базите на украинската војска во предградијата на Луганск, користејќи автоматско оружје и бомби.