Вељаноски се сретна со новиот амбасадор на Полска во земјава

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Полска, Јацек Мултановски и му посака успешна работа во неговиот мандат.

Претседателот Вељаноски, на средбата истакна дека Република Македонија и Република Полска имаат пријателска билатерална соработка, но е потребно да се зголеми интензитетот на остварени средби на сите нивоа. Исто така, стана збор и за значењето на парламентарната дипломатија за дополнително унапредување на добрите односи, преку официјални посети на претседатели и пратеници на парламентите на двете држави.

На средбата се разговараше и за продлабочување на соработката во земјоделството, одбраната и во други економски сфери, за што амбасадорот Мултановски истакна дека Република Полска може многу да понуди. Тој истакна дека неговата држава и понатаму останува голем подржувач на интеграцијата на Република Македонија во Европската унија и НАТО.

На крајот, претседателот Вељаноски ја потенцираше отвореноста на Собранието на Република Македонија за соработка, како и неговиот Кабинет, за континуирана комуникација и соработка со Амбасадата на Република Полска во Република Македонија.