
Поранешниот предводник на Интер, Андреа Страмачони, во следните неколку дена и официјално ќе биде претставен како нов тренер на италијанскиот калчолигаш Удинезе.
Клупските челници на тимот од “Фриули” потврдија дека постигнале договор со малдиот италијански стручњак кој ја прифатил понудата да биде тренер на Удинезе во следните две години и да биде наследник на легендарниот Франческо Гвидолин кој на крајот од изминатата сезона поднесе неотповиклива оставка на функцијата прв тренер.
Италијанските медиуми се убедени дека поранешниот репрезентативец на Србија и фудбалер на Интер, Дејан Станковиќ, ќе биде прв помошник на Андреа Страмачони.