
Почина 84-годишниот битолчанец Стеван Јовчевски, кој беше пријавен за исчезнат на 2-ри јуни.Тој вчера беше пронајден во селото Ивањевци кое е 20 километри оддалечено од неговиот дом во Битола, јавува ТВ Орбис.
Тој вчера бил принајден во грмушки од страна на мештаните.Старецот бил дехидриран и веднаш бил пренесен во битолската клиничка болница. За жал, Стеван денеска им подлегнал на повредите.
Се уште не е познато како битолчанецот стигнал до Ивањевци.