
Тиаго Силва, капитеното на фудбалската репрезентација на Бразил, даде оригинален одговор на прашањето на каков начин може да ја лимитира играта и ефектот на најголемата ѕвезда во репрезентативниот дрес на Аргентина, Лионел Меси.
„Како ќе го сопрам Лионел Меси, како ќе ја лимитирам неговата игра? Само со пиштол, само така ќе излезам на крај со Лионел Меси. Кога играш против Меси, мораш да бидеш биден 90 минути, да бидеш сконцентриран, да го следиш секое негово движење. Со едно око да го следиш Меси, а со другото неговите тимски колеги. Иако немаше добра сезона, постојано го мачеа повредите, Меси ќе биде можеби најголемата опасност на престојниот Мундијал”, изјави дефанзивецот на ПСЖ кој ја посака Аргентина за противник во финалниот натпревар.