
Осие Ардилес, легендарниот репрезентативец на Аргентина е убеден дека Лионел Меси моментално повеќе ужива кога го носи репрезентативниот дрес на популарните “гаучоси”, отколку тој на каталонскиот гигант Барселона.
“Аргентина има многу добар тим, Аргентина го има Лионел Меси, најдобриот фудбалер на денешницата и со право јас сум голем оптимист, со право сите фанови на Аргентина се големи оптимисти. Нормално, сите погледи ќе бидат насочени кон Меси, кон нашиот капитен. Пред Мундијалот во Јужна Африка, Меси имаше фантастична сезона во дресот на Барселона, но не толку во тој на Аргентина. Сега сме сведоци на една сосема различна ситуација, спротивна од претходната. Со Барселона немаше добра сезона, но одигра фантастично во квалификациите. Меси е многу посреќен во репрезентативниот отколку во дресот на Барселона. За да ја освоиме светската титула во Бразил, Меси мора да одигра совршено во сите натпревари”, изјави Ардилес.