
Легендарниот репрезентативец на Бразил, Маркос Евангелиста Кафу е убеден дека ќе има реприза на финалниот натпревар од 2002 година, дека повторно во финалниот натпревар ќе се сретнат репрезентациите на Бразил и Германија.
“Германија има многу силен тим и многу високо котира кога се во прашање репрезентациите кои ја имаат фаворитската улога на престојниот Мундијал во Бразил. Германија забележа голем напредок во споредба со Светското првенство во Јужна Африка. Јас сум убеден дека Германија ќе биде противник на Бразил во финалниот натпревар, дека ќе има реприза на финалниот дуел од пред 12 години. Едно е сигурно, Германија дефинитивно ќе обезбеди пласман во финалниот натпревар”, изјави поранешниот фудбалер на Рома и Милан.