
Ситуацијата во Шабац е критична поради наезда на инсекти и опасност од пчекувана наезда на глодари, соопштиле од Штабот за вонредни состојби.
Постои опасност и од појава на Западнонилска треска, чии преносители се комарците, а која на овој простор беше присутна и во редовни услови.
Исто така предупредуваат и на опасноста од лептоспироза која ја пренесуваат глодарите.
Штабот на градските комунални служби им наложи да ја повторат акцијата за уништување на инсекти од земја и од воздух, бидејќи акцијата која е извршена минатата седмица не беше успешна.