
Двајца вооружени напаѓачи, влегле во пицерија Лас Вегас и застрелале двајца полицајци кои јаделе во ресторанот. Потоа ликвидирале уште еден човек и се самоубиле.
Како што јавуваат медиумите, за време на нападот едниот стрелец го погодил едниот полицаец во главата, а другиот напаѓач го застрелал неговиот колега.
Според податоците на телевизискиот канал КЛАС ТВ , инцидентот се случил во локалната пицерија „CiCi’s Pizza“.
Очевидци раскажале за полицијата дека по егзекуцијата двајцата напаѓачи ги зеле работите на полицајците, и излегувајќи од ресторанот, кажале: „Кажете на полицијата дека револуцијата започна”.
Двајцата осомничени, потоа влегле во продавница и застрелале уште едно лице.
Потоа двајцата напаѓачи отишле во задниот дел на продавницата и се застрелале еден со друг.