
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по суви коловози.
Во клисурите можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – Стража, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес и Куманово-К.Паланка.
Дежурните екипи на Јавното претпријатие „Македонија пат“ се на терен и редовно ги оддржуваат проодни сите патни правци.
На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата, почитување на поставената патна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.