Состојба на патиштата

Денеска во соопштенито од инфомративниот центар на АМСМ, нотирани се две забрани за движења на тешки товарни возила.

Поради појава на свлечиште на влезот во Кратово, на регионалниот пат Пробиштип-Кратово воведена е забрана за движење на автобуси и товарни моторни возила со тежина над 7,5 тони, како ина патниот правец Радовиш-Конче, каде пто сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента и со забрана за тешки товрани возила.

На патниот правец Кичево – Охрид во близина на Ботун поради изведување на градежни работи на пат, сообраќајот се одвива наизменично регулиран со семафори за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

На магистралниот пат А2 од влезот до излезот на Кичево се изведува надградба на асфалтна подлога за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација

На патниот правец А-1 Гевгелија – Скопје од надвозникот кај клучка Велес до наплатната станица „Отовица“ се изведуваат работи на мостовите за што е поставена соодветна вертикална сообраќајна и светлосна сигнализација, а сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента само по мостовите.

На патниот правец Фурка – Дојран, Р-1105, се изведуваат градежно-асфалтерски работи. Поставена е соодветна патна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење, како и почитување на поставената патна сигнализација.

Започната е изведба на градежни работи „Реконструкција и рехабилитација на патната секција Велес – Кадрифаково“ Фаза 2 од депонијата Велес до с.Лозово, стои во соопштението од информативниот центар на АМСМ.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по суви коловози.

Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – Стража, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес и Куманово-К.Паланка, изветуваат од ЈП ,,Македонијапат,,.